еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

НЛБ Банка лани оствари добивка од 30 милиони евра

НЛБ Банка во текот на минатата година оствари нето добивка во износ од 1,8 милијарди денари или околу 30 милиони евра што е за 15,3% над планот, соопшти банката преку Македонската берза.

Оттаму информираат дека тоа се должи на континуирани продажни активности на кредитните и картичните продукти со особен фокус кај населението, микро, малите и средни претпријатија и на значајните инвестиции во електронските сервиси кои се подостапни и побогати со дополнителни услуги и функционалности за клиентите како и на пониската исправка на вредност на финансиските средства и посебна резерва за вонбилансната изложеност.

„Нето каматните приходи, заклучно со 31.12.2019 година се повисоки за 0,1% споредено со истиот период претходната година, при што приходите од камати се пониски за 1,0%, главно поради пониски каматни приходи од секторот нефинансиски правни лица и банки, додека расходите по камати се пониски за 6,5% главно поради пониски расходи за камата кај нефинансиски правни лица,
население и останати финансиски институции што се должи на пониски каматни стапки и преструктурирање на изворите во корист на средства по видување. Во однос на планот нето каматните приходи се пониски за 4,7%, информираат од банката.

Нето приходите од провизии се повисоки за 5,3% споредено со истиот период претходната година, при што приходите од провизии се зголемени за 9,4% како резултат на остварен пораст на приходите во доменот на картично работење, платен промет во земјата и странство, електронско банкарство, кеш центар и провизии од продажба на полиси за животно и неживотно осигурување.

Расходите за провизии се повисоки за 17,7%, главно поради повисоки расходи поврзани со картично работење, девизен и денарски платен промет и кеш центар. Во однос на планот нето приходите од провизии се пониски за 1,8%.

„Останатите некаматни приходи изнесуваат 353.989.000 денари и се пониски за 57,5% во однос на истиот период претходната година, главно поради остварена добивка од продажбата на НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје во март 2018 година. Во однос на планот се повисоки за 57,7%.

Вкупните приходи од работење изнесуваат 4,4 милијарди денари и се пониски за 8,7% во однос на истиот период претходната година. Во однос на планот се пониски за 0,8%“, соопшти банката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зоран Јовановски именуван за независен член на Надзорниот одбор на НЛБ Банка

За 1,1 милион евра продаден блок акции од НЛБ Банка

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во блок-трансакција продадени акции од НЛБ Банка за 844.000 евра

Редакција

Грејната сезона во Скопје почнува од утре

Редакција

Горивата и понатаму поевтинуваат, цената се намалува за половина до 1,5 денари по литар

Редакција