еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

НЛБ Банка оствари добивка од 30 милиони евра за девет месеци

Во периодот од 01.01.2018 до 30.09.2018 година, НЛБ Банка АД Скопје оствари нето добивка во износ од 1.857.410.000 денари (30 милиони евра), што е повисока за 21,5% во однос на истиот период од 2017 година и 47,7% над планот за истиот период, соопшти банката преку Македонската берза.

„Тоа се должи на континуирани продажни активности на кредитните и картичните продукти со особен фокус кај населението, микро, малите и средни претпријатија, засилен финансиски сервис за корпоративните клиенти, подобрување на наплатата и намалување на портфолиото на нефункционални побарувања и на значајните инвестиции во електронските сервиси кои се подостапни и побогати со дополнителни услуги и функционалности за клиентите“, информираат од банката.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Уставни измени: Името Македонија во Уставот треба да се смени 288 пати

Редакција

(Видео) Тимот на Клиниката „Жан Митрев“ успешно оперира една од најкомплексните аномалии на срце кај новороденче

Редакција

ЈСП „Скопје“ го раскина договорот со „Макекспрес“, линиите ќе ги опслужува со сопствени автобуси

Редакција