еМагазин
Image default
Бизнис

НЛБ Банка со понуда за доброволно приватно здравствено осигурување во соработка со Сава осигурување

НЛБ Банка повторно ја прошири својата понуда на осигурителни продукти и во соработка со Сава осигурување воведе приватно здравствено осигурување, со што ја потврдува позицијата на лидер и предводник на пазарот во банкоосигурување, информираат од Банката.

Грижата за сопственото здравје и здравјето за нашите најблиски е најзначајна, па со овој продукт, на клиентите ќе им се овозможи користење на посебно креирани пакети за ефикасна здравствена заштита, велат од Банката.

Клиентите ќе имаат можност да изберат помеѓу стандарден и премиум пакет во зависност од сопствените потреби и можности, кои овозможат различни покритија и ги покриваат трошоците за најквалитетно специјалистичко-амбулантско лекување и операции во повеќе приватни болници и поголеми дијагностички центри во државата.

„Со воведување на овој продукт во соработка со нашиот долгогодишен партнер Сава осигурување ja доближуваме врвната здравствена заштита до сите клиенти, особено во време на светска пандемија кога здравјето е во фокусот на нашето секојдневие.

Благодарение на поволните здравствени пакети кои ги нудиме, приватното здравствено осигурување станува подостапно до сите кои сакаат најдобро решение за потполна здравствена заштита, а прегледите да ги закажуваат брзо и без чекање“, велат од Банката.

Во врска со оваа понуда од Сава осигурување велат дека дополнителното здравствено осигурување е осигурителен продукт за коj нивните клиенти покажуваат значително голем интерес:

„Следејќи ја нашата долгорочна стратегија, се одлучивме да го доближиме овој производ поблиску до нашите клиенти, со цел подобро да одговориме на нивните потреби.

Овој продукт овозможува користење на бесплатни здравствени услуги во областа на дијагностика, лекување и операции во приватните здравствени установи. Отсега ќе биде достапен во сите експозитури на нашиот долгогодишен партнер НЛБ Банка“.

Со проширување на палетата на осигурителни продукти и со доброволното приватно здравствено осигурување, Банката продолжува во проширување на својата продуктна понуда со цел овозможување сеопфатен сервис на сите финансиски услуги и целосно опслужување на клиентите.

Повеќе инфомрации за оваа понуда на НЛБ Банка и Доброволното приватно здравствено осигурување можете да добиете на веб страницата на Банката: www.nlb.mk или на Kонтакт центарот на телефон: 02/15 600.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од патарини во вториот квартал наплатени 12 милиони евра, зголемување од 13,6%

Редакција

„Енерџи актив“ го доби тендерот на затворот „Идризово“ за набавка на струја вреден 208.000 евра

Редакција

Шпаркасе Банка ги предупредува студентите: Има обид за фишинг напад за студентскиот оброк

Редакција