еМагазин
Image default
Бизнис

НЛБ Банка со повик за ажурирање на податоците на клиентите со цел навремена достава на платежните картички

НЛБ Банка ги повикува клиентите – корисници на домашни платежни картички за финансиска поддршка, со цел точна и навремена достава на картичките, во најкус можен рок да ги ажурираат своите податоци преку веб страницата на Банката на линкот: nlb.mk/domasnaplateznakarticka.

„Поради актуелната кризна ситуација, а со цел избегнување на гужвите во експозитурите, НЛБ Банка се погрижи клиентите своите картички да ги добијат директно до своите домови.

Со цел да излеземе во пресрет на клиентите и да овозможиме квалитетна услуга и навремена достава на  картичките, апелираме до сите клиенти кои сè уште не ги ажурирале своите податоци, да го сторат истото  преку веб страницата на Банката.

Воедно, би сакале да ги известиме клиентите кои веќе извршија ажурирање, дека нивните картички се во фаза на изработка и дистрибуција, а за доставата ќе бидат информирани преку СМС пораки“, велат од Банката.

НЛБ Банка ја поддржува оваа Владина иницијатива преку издавање на 113.000 платежни картички. Нивното издавање се одвива етапно и до овој момент Банката има изработено повеќе од 80.000 картички и истите се во фаза на дистрибуција до клиентите.

За повеќе информации во врска со домашната платежна картичка, граѓаните можат да се обратат на телефонскиот број 02/ 15 600, на e-mail: info@nlb или директно да ја контактираат Банката преку нивните социјални мрежи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Агенцијата за задолжителни нафтени резерви купи гориво од ОКТА за 4,3 милиони евра

Редакција

Живко Мукаетов купи акции во Алкалоид

Редакција

Колкави биле примањата на Управниот и Надзорниот одбор на Оилко лани

Редакција