еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Ноќни педијатарски пунктови: Каде децата ќе може да се прегледуваат во доцните часови

Три ноќни педијатриски пунктови ќе почнат да работат кои почнуваат со работа на 1 јануари 2019 година.

Овие пунктови во Поликлиниките „Јане Сандански“, „Ѓорче Петров“ и „Бит пазар“, за граѓаните ќе бидат отворени секој работен ден од 19:30 до 7:30, вклучувајќи и лаборатории за испитување на крв и урина кои ќе работат секој ден до 23:30 часот. Во недела, овие пункотови ќе работат 24 часа, а лабораторијата од 8:00 до 23:30 часот.

Целта на отворањето на овие педијатриски пунктови е родителите побргу и полесно да стигнат до медицинска помош за своите деца кога се болни. Со отворањето на пунктовите ќе ги приближиме лекарските служби до пациентите кои живеат далеку од Клиничкиот центар, велат од Министерството за здравство.

Педијатриските пунктови ќе бидат во постојана комуникација со Клиниката за Детски болести.

„Со ова им даваме препорака на родителите своите деца прво да ги носат во педијатриските пунктови, а доколку процени лекарот дека состојбата е посериозна ќе ги препрати на Клиниката за детски болести. Упатуваме апел и до матичните лекари, прво децата да ги препраќаат во педијатриските пунктови, а не во Клиничкиот центар“, изјави министерот за здравство Венко Филипче.

Фото: Министерство за здравство

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Единаесет новозаболени од морбили, тројца хоспитализирани

Редакција

Променлива и постудена пролет, од мај се очекува затоплување

Редакција

МОТО ПРОТЕСТ против неказнивоста за сторителите на тешки дела во сообраќајот: Ќе се бара правда за Гоце кој загина кај „Млечен“

Редакција