еМагазин
Image default
Македонија

Нормализиран авиосообраќајот: Авиони полетуваат и слетуваат на Скопскиот аеродром

Утрово од скопскиот аеродром се реализирани две полетувања, едното за Лондон, а другото за Гетегорг, откако од вчера попладне и ноќеска поради магла и намалена видливост летовите беа откажани или пренасочени кон други аеродроми.

Од информативниот систем на официјалната веб страница на аеродромот „Скопје“ може да се види дека одредени летови до и од Скопје доцнат и по неколку часови.

Првото слетување на аеродромот во Скопје било ноќеска во 2 часот по полноќ, кога пристигнал авион на Визер од Франкфурт.

Поради магла и намалена видливост од вчера попладнето летовите од и до скопскиот аеродром беа или откажувани или пренасочувани кон други аеродроми.

МИА/Фото: ТАВ Македонија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нема препорака за нови рестриктивни мерки

Редакција

Кој се е во трка за градоначалник на Охрид, Ново Село и Дебар

Редакција

Потпретседателката на организацијата на Боки 13, Јасна Мандиќ за „Рекет“ со полиција донесена во Обвинителство

Редакција