еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Носат ли промената на името и двојазичноста нов бран тежок македонски и албански национализам?

Претставниците на власта и поддржувачите на Преспанскиот договор, кој доколку се ратификува во грчкиот парламент ќе значи промена на името на земјава во Северна Македонија се почесто имаат потреба да ја оправдуваат неговата имплементација.

Главното образложение е дека името се менува за „повисоко добро“ односно зачленување на Македонија во НАТО и во Европската Унија и дека преименувањето во Северна Македонија е цената што треба да се плати за евроатлантските интеграции на земјава.

Истовремено, власта го протурка Законот за употреба на јазиците со кој албанскиот јазик станува втор службен јазик во земјава. Со овој чин и со промената на Уставот согласно Преспанскиот договор се задоволуваат долгогодишните барања на граѓаните од албанска националност да добијат статус на уставотворен народ кои беа поткрепени со „весела математика“ дека тие сочинуваат 20 отсто од населението во земјава.

Имено, не треба да се заборави дека ваквите промени се носат во услови кога поради противењето на лидерот на ДУИ, Али Ахмети во земјава нема попис со години за што Специјалното јавно обвинителство против него и експремиерот Никола Груевски отвори истражна постапка.

Во барањата на албанските граѓани нема ништо спорно со оглед на тоа што долги години чувствувале репресија од условно кажано македонската страна. Имено, Албанците најпрво мораа да се изборат за високо образование на албански јазик и ред други права.

Но, тоа што зачудува е потребата на албанските политичари преку сигнализирање на двоглавиот орел да поттикнуваат подгревање на национализмот иако истовремено тврдат дека се за соживот и развој на мултиетничка држава.

Тие, а посебно политичарите од ДУИ треба да знаат дека албанските граѓани многу брзо ќе сфатат дека двојазичноста не е никаков успех односно придобивка, бидејќи и досега во оваа држава никој не им бранеше на Албанците да го користат мајчиниот јазик на различни нивоа во државата.

На повеќето од нив им е веќе јасно дека ДУИ всушност е „тендер партија“ и токму затоа БЕСА и Алијансата на Албанците на минататите избори успеаа да и направат тежок удар.

Од друга страна, мнозинството Македонци во оваа држава чувствуваат како нешто да загубиле односно како некој да им ја краде татковината пред очи.

Нашата земја во процесот на евроинтеграциите најверојатно допрва ќе треба да прави отстапки пред Бугарија и Грција односно да ги ублажува или целосно да ги брише историските факти што несомнено ќе вроди со развој на националните чувства кај многу млади македонски граѓани кои ќе гледаат на секој начин на идните генерации да им ја пренесат вистината за тоа што се случува во Македонија.

Така било во времето на Османлиската империја, така било под српска и бугарска окупација и поради тоа нема зошто тоа да не продолжи и во иднина.

Фото:Фејсбук/Бујар Османи/24 телевизија/Влада

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кои ќе бидат новите имиња на АРМ, МАНУ, ЕЛЕМ, МОБ…, кои треба да бидат во духот на Договорот од Преспа

Кои партии ќе треба да си ги променат имињата, согласно Договорот од Преспа?

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 10 случаи на Ковид-19 од 2.960 тестирани, бројката на активни е 160

Редакција

Вкупно 26 заболени од корона вирусот: Позитивни се резултатите и на тројца пациенти тестирани во „Жан Митрев“

Редакција

Каква бактерија е МРСА и како се пренесува

Редакција