еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Нов биланс: Од коронавирусот во светот заразени 93.191, досега починале 3.203, а 50.984 лица оздравеле

Во моментов има вкупно 90.893 пријавени случаи на Ковид-19 на глобално ниво, и 3.110 смртни случаи, соопшти синоќа Светската здравствена организација (СЗО).

Во изминатите 24 часа, Кина пријави 129 случаи, што е најмал број од 20 јануари.

Вон Кина пријавени се 1.848 случаи во 48 земји, а 80 проценти од случаите се во Република Кореја, Иран и Италија.

Вкупно 12 држави пријавиле први случаи, а во моментов има 21 земја со по еден случај. 122 земји не пријавиле ниту еден случај на зараза.

– Сфаќаме дека луѓето се плашат и се несигурни. Стравот е природен одговор на човекот на секоја закана, особено кога станува збор за закана што не ја разбираме целосно. Но, како што добиваме повеќе податоци, сè повеќе и повеќе учиме и го сфаќаме вирусот и болеста што ја предизвикува, изјави синоќа директорот на СЗО, Тедрос Адан Гербрејесус.

Според Интернет страницата Волрдметерс во светот има 93.191 случаи на заразени со новиот коронавирус, 3.203 починале, а 50.984 луѓе оздравеле.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тројца патници од Италија и Шпанија тестирани на коронавирус, резултатите негативни

Ќе се набавуваат термални камери за Инфективна клиника и опрема за заштита од корона вирусот за повеќе институции

Граничарите и полицајците комплетно ги почитуваат насоките и препораките за справување со корона вирусот, вели Спасовски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Идниот Трстена, малиот Бесир Алили ги разнежни твитерџиите: „Твојот успех е и наш успех!„

Редакција

Топ пет највисоки плати

Редакција

Јакимовски поднесе кривична за непознат сторител за неговото ставањето на „црната листа“

Редакција