еМагазин
Image default
Локално

Нов човечки труп пронајден во водите на акумулацијата „Турија“ кај Струмица

Попладнево околу 18 часот во водите на акумулацијата „Турија“ кај Струмица е пронајден човечки труп во резервоар за гориво од товарно моторно возило.

Веста за МИА ја потврди портпаролката на СВР Струмица, Хризантема Рендевска, која инфомираше дека трупот по наредба на јавен обвинител е предаден на судска медицина за да се изврши обдукција и идентификација.

Додаде дека на местото на настанот полициски службеници од СВР Струмица и јавен обвинител продолжуваат со преземање други истражни дејства за целосно документирање и расчистување на случајот.

Пред извесно време од браната „Турија“ беше изваден уште еден човечки труп.

МИА/еМагазин

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Жител на Добрејци осомничен за убиството на Струмичанец: Телото му го сокрил во метално буре кое го потопил во браната „Турија“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Починал по пад во шахта

Редакција

Не се знае кој кого тепал во кумановскиот Центар за социјални работи

Редакција

Приведен крадец во Карпош, фатен додека се обидувал да изврши тешка кражба

Редакција