еМагазин
Image default
ЧИСТА ОКОЛИНА

Нов концесионер и модернизација на Дрисла: На депонијата ќе завршуваат пет проценти од сегашниот депониран отпад

Град Скопје формирал нова комисија која треба да изврши повторна евалуација на понудите на компаниите и во склад со неа да се направи нов избор на концесионер на Дрисла.

Ова за „Мета“ го потврди градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов. Тој очекува за многу скоро време комисијата да си ја заврши работата и на Советот на Град Скопје да му понуди да изврши избор на концесионер со што до крајот на годината би требало да заврши целиот процес и да почне имплементацијата на современа технологија која од Дрисла конечно би направила модерна депонија.

Според скопскиот градоначалник, не се работи за нов конкурс за давање на Дрисла под концесија туку за повторна евалуација на веќе постојните понуди на компаниите кои учествувале на конкурсот во 2011 година.

Тогаш со одлука на претходните градски власти беше одбрана италијанската фирма „ФЦЛ Амбиенте“ за концесионер на Дрисла која ја доби депонијата на 35 години и според договорот во неа требаше да инвестираат 73 милиони евра.

Второрангираниот, германската компанија „Шолц“ двапати го обжалуваше решението за доделување на концесијата на италијанската фирма. Но Град Скопје, додека градоначалник беше Коце Трајановски, повторно во двапати склучуваше договор со „ФЦЛ Амбиенте“.

-Кога јас дојдов постапката веќе беше до таа мерка заплеткана што не можев ништо да направам, но штом заврши целата управна постапка од новоизбраниот концесионер ќе биде побарана банкарска гаранција дека ќе си ги изврши превземените обврски – вели Шилегов.

Тој вели дека селекција на отпадот, отплинување, согорување на отпадот и производство на електрична енергија на Дрисла треба да го спроведе идниот концесионер и додава дека „секаде во светот ѓубрето е пред се доходовен бизнис освен во Скопје“.

Според Шилегов, кога ќе се заокружи целиот процес, би требало на депонијата да завршуваат најмногу по околу 5 проценти од сегашниот депониран отпад, што ќе биде значителен исчекор кон почиста животна средина во Скопје.

Мета/Фото: Министерство за животна средина и просторно планирање

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Гест за почит: „Фејдом“ посадија 13.000 дрвја, по едно за секоја произведена гарнитура

Редакција

OКТА со донација на фотоволтаична централа за градинката „Пепелашка“ во општина Центар

Редакција

Надлежните со препораки поради загадениот воздух: Ограничете престој на отворено

Редакција