еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Нов онлајн медиум на пазарот: За читачи, сеедно на вкусот!

На медиумскиот онлјан пазар се појаву нов медиум suteren.mk.

Основач е долгогодишната новинарка и како што за себе вели, чат пат уредничка Бранка Доневска Најдовска која работела во „Нова Македонија“, „Екран“, „Вечер“, „Старт“, „Глобус“, „Теа модерна“.

„После речиси триесет години во печатени медиуми и после долго премислување што понатаму (не до пензија, туку како до крајот на животот, кога и да се случи тој), решението беше оваа веб страница! Токму ваква – каква што е!

А таа е последица на чекањето да препознаат искуство, знаење, професионалност! И уморот од чувството на подвоеност: притисоци, газди, каприци, потценувања, обидот да се остане неутрален…

Сфатив дека живеам се уште во оваа професија иако, сум многу долго во индустријава. За среќа моја, а се надевам и на читателите, тоа го сфатија и моите најблиски.

Овој сајт е уште еден член на моето семејство од роднини, пријатели и колеги. Од оние поединци кои сепак, не се плашат од предизвици, од новото, наивното. Ова е страница за луѓе кои сакаат да читаат. Дури и тоа што не им се допаѓа, ама сакаат да читаат.

Но, ништо без младите! Ништо без моите внуци – Стефани Најдоска и Виктор Спасевски, кои се најдобрите мотиватори кои сум ги сретнала! Она нивното: „Ако не ти, тогаш кој!?“, ме туркаа до самата завршница на овој проект, како и поддршката од прекрасните колеги – Драгомир Лукин и Слободанка Велковска.

Како ќе биде? Најдобро ќе биде! Важно е дека – почнавме“, вели Доневска Најдовска за „еМагазин.мк“.

И посакуваме успех!

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Освојте пежо 2008 во големата новогодишна наградна игра на Веро

Редакција

НЛБ Банка со голема наградна игра за станбени кредити „НЛБ за млади“

Редакција

(Фото) Најдобрите модели за 2022 во Моделс Ин Менаџмент 

Редакција