еМагазин
Image default
Балкан

Нов пожар во источниот дел на областа Атика во Грција

Од 6.40 часот утрово по локално време, грчката противпожарна служба, со девет пожарникари, три возила и еден хеликоптер го гаси шумскиот пожар што изби во населбата Неа Макри, во источниот дел на областа Атика.

Неа Макри се наоѓа многу блиску до населбите што беа зафатени од катастрофалните пожари на 23 јули, во кои животот го загубија над 90 лица.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, според картата за опасност од пожари објавена од Генералниот секретаријат за цивилна заштита на Грција, за денес, областа Атика, заедно со полуостровот Евија и островите Скирос, Лезбос, Хиос, Самос и Икарија се во портокалова боја, односно со многу висока опасност (четврта категорија) од појава на пожари.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Рафинериите на Грција и Саудиска Арабија постигнале првичен договор за дополнително снабдување со сурова нафта

Редакција

Поранешниот хрватски премиер Иво Санадер осуден на осум години затвор

Редакција

Радев со критики до Владата на Борисов дека не направила доволно да ја претстави позицијата кон Македонија на западните партнери

Редакција