еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Нов производ за помазна и помлада кожа – Eucerin®Hyaluron-Filler – ноќен пилинг и серум

„Со возраста се успорува процесот на обновување на кожата. Тоа води до по-неефикасно ослободување од мртвите клетки, а кожата станува погруба и со нездрав сјај. Освен тоа, зрелата кожа ја губи својата еластичност и способноста да произведува доволно хијалуронска киселина, којашто е нејзиниот природен пополнувач на брчките.

Забележавме дека потрошувачите сакаат производ којшто го помага регенеративниот процес во кожата и истовремено ја подобрува состојбата на брчките. Го креиравме иновативниот Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум, којшто истовремено прави од една страна траен пилинг-ефект, а од друга страна ја измазнува кожата и ги пополнува брчките“, изјави Д–р Соња Доневска Петрушевска, Дерматолог, медицински претставник за „Еуцерин“ во Македонија.

Станува збор за нов подмладувачки производ за нега на кожата со двојно дејство кој обезбедува помазна и помлада кожа, преку инјектирањето на хијалурон и пилинг со алфа-хидрокси (овошни) киселини, два добро познати дерматолошки клинички методи со докажана ефикасност.

Деликатните состојки видно го подобруваат релјефот на кожата и дејствуваат дури и на најдлабоките брчки во текот на ноќта.

Со новиот двокоморен систем за истовремено нанесување од два контејнера, Eucerin®Hyaluron-Filler ноќниот пилинг и серум овозможува соединувањето на двете високоефикасни формули да биде непосредно пред употреба.

Белиот контејнер содржи нежна емулзија од новиот комплекс на алфа-хидрокси киселини (AHA), составен од активни пилинг состојки како гликолна киселина, млечна киселина и глуконолактон (познат по своето постепено и многу лесно навлегување во кожата).

Другата активна состојка е глицин-сапонин, познат по тоа дека го стимулира природното создавање на хијалуронска киселина во кожата.

Контејнерот со сребрена боја содржи освежувачки гел-серум со два вида хијалуронска киселина, коишто делуваат на различни нивоа – хијалуронската киселина со високомолекуларна тежина делува на фините линии во површинските епидермални слоеви, а таа со мала молекуларна тежина (40 пати помала молекула) навлегува подлабоко во кожата, каде што се формираат брчките.

Клиничките студии ширум светот ја докажаа двојната ефикасност на производот нежна ексфолијација на кожата; видно намалување на длабочината на брчките и фините линии; ефикасно подобрување на регенеративните процеси на кожата; добро хидрирана кожа; стеснување на порите.

Проучувањата исто така докажуваат дека Hyaluron-Filler Ноќниот пилинг и серум добро го поднесуваат сите типови на кожа.

Eucerin®Hyaluron-Filler Ноќниот пилинг и серум може да се користи секојдневно. Се препорачува да се нанесува со нежни масажни движења на добро исчистена кожа.

За оптимални резултати Eucerin®Hyaluron-Filler Ноќниот пилинг и серум треба да се нанесува навечер пред ноќниот крем за нега којшто го користите, како на пример Hyaluron-Filler ноќен крем.

Бидејќи формулата со алфа-хидрокси киселини (AHA) ја прави кожата почувствителна кон сончевата светлина, неопходно е преку ден да се нанесува дополнителна заштита од сонце, како на пример Hyaluron-Filler Дневен крем со SPF30.

КОМЕРЦИЈАЛЕН ОГЛАС

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ќе имаме продолжено лето, потопол период и постепено заладување во октомври и ноември

Редакција

Продолжен куќниот притвор и предлог за дополнителни санкции за малолетникот што со БМВ Х6 го удри и тешко го повреди хирургот Ѓорги Јота

Редакција

Бебето кое почина од туберколоза живеело во добри услови, народниот правобранител отвори предмет

Редакција