еМагазин
Image default
ЧИСТА ОКОЛИНА

Нов протест: „Канцерогено општество“ бара итна владина седница за загадувањето

Здружението „Канцерогено општество“ по една недела денеска повторно организираше протест пред Собранието на Република Македонија за да ги алармира надлежните за опасно загадениот возхух и неговите штетни последици.

Кристијан Узунов од Здружението рече дека доколку Владата не закаже итна седница, ќе ги радикализираат протестите и ќе блокираат сообраќајници низ државата.

-Гледаме дека властите не се многу заинтересирани што поставуваме барања. Уште еднаш потенцираме – доколку не свикаат итна седница на Влада, доколку не ги искористат сите расположиви средства за справување со овој проблем, ако не нè сфатат сериозно, ќе мора да ги радикализираме протестите со блокади за кои дополнително ќе се договориме – дали Скопје, општини, клучките… Бараме министерот и заменик-министерот за животна средина секој ден да даваат отчет што сработиле додека ние и нашите деца се труеме и сме по болници. Се надевавме и на повеќе народ, но луѓето се малку заспани, рече Узунов.

Драги Змијанац од „Меѓаши“ изјави дека власта, јавните претпријатија и сите кои имаат, како што рече, моќни политички функции, не се заинтересирани да го решат проблемот со загадувањето на воздухот и последиците што ги трпат децата.

-Како Детска амбасада „Меѓаши“ ќе ги поддржуваме сите граѓански иницијативи кои сакаат да направат притисок и промена. Болниците се полни со деца, секое второ дете страда од респираторни проблеми. Живееме во екоцидно и бесперспективно општество. Ако продолжи вака, ќе нема луѓе што ќе излезат да протестираат, рече Змијанац.

Организаторите на протестот ја поздравија вчерашната блокада пред влезот на депонијата „Дрисла“ од активисти од иницијативата „Чист воздух“ и го поддржувааат рокот што тие им го дадоа на надлежните за 15 дена да одговорат на нивните барања. Ги поддржуваат и средношколците кои најавија протест на 5 февруари пред секое средно училиште за здрава и чиста средина.

МИА/Фото: Канцерогено општество/Фејсбук

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Граѓани ја блокираа Дрисла: Следуваат тужби и блокада на Град Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Маркетите Елида од Куманово купија Вендинг машина од Пакомак

Редакција

Цементарница Усје како гориво ќе користи и лушпи од ориз

Редакција

(Фото) Акција: Иди зима, Битола ќе продолжи да умира

Редакција