еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Нов раст: 117 здравствени работници во Македонија заразени со коронавирусот

Продолжува да расте бројот на здравствени работници во Македонија кои се позитивни на коронавирусот.

Според податоците на Институтот за јавно здравје, регистрирани се 117 случаи на заболување меѓу здравствени работници, заклучно 11. април.

До 10. април оваа бројка беше 106, до 9. април, 95, до 8. април 82, до 7. април 72, до 6. април 69, до 5. април, 63, а до 3. април 57.

Познато е дека позитивни на коронавирусот се/беа здравствени работници од болници во Велес, Штип, Куманово, Дебар, Кавадарци, Битола, Прилеп, Охрид, Демир Хисар, Гостивар, Тетово и Скопје.

Заболени здравствени работници има/имаше од Клиниката за кожни болести во Скопје, Клиниката за кардиологија во Скопје, Клиниката за инфективни болести во Скопје, Итната медицинска помош во Скопје, Здравствен дом Скопје, Завод за рехабилитација Скопје, болницата во Куманово, приватната болница „Плодност“ во Битола, Педијатриската амбуланта во Дебар, болницата во Кавадарци, болницата за белодробни заболувања и туберкулоза во Лешок, Поликлиниката Чаир, Скопје, болницата во Прилеп, болницата во Гостивар…

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Убава вест: Излечени 41 лице од Ковид-19 во Македонија

(Мапа) Куманово „печен“ за карантин, кумулативната инциденца над 140

Повеќе жени, најмногу на возраст од 30-39 години: Детали за новите случаи на заразени со Ковид-19 во Македонија

(Табела) Најмногу заразени со Ковид-19 во Скопје, Куманово, Дебар, Штип и Прилеп

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 13 пациенти, а вкупно се лекуваaт 319

Редакција

Завршни зборови на „Монструм”: Обвинителката Фетаи не отстапи од обвинението за тероризам

Редакција

Едно лице починало од Ковид-19

Редакција