еМагазин
Image default
Бизнис

Нов рок: До 31 декември 2023 треба да завршат работите на автопатот Кичево – Охрид

Владата на седница усвоила Информација со која се утврдува дека 31.12. 2023 година е рокот за завршување на работите за изградба на автопатот, делница Кичево – Охрид.

-На денешната седница е разгледана и усвоена Информацијата врз основа на која Владата го прифати текстот на Анекс бр. 5 кон Договорот за изградба на автопат, делница Кичево – Охрид помеѓу Јавното претпријатие за државни патишта и Sinohydro Corporation Limited, според кој се утврдува рокот за завршување на работите на оваа делница на 31.12.2023 година, без никакви дополнителни финансиски импликации по Буџетот на Република Северна Македонија, се наведува во соопштението од владината прес-служба.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Топ пет професии со најголеми просечни плати во Македонија

Редакција

Дизелот поевтинува за два денари, цената на бензините останува иста

Редакција

Во блок-трансакција продадени акции од „Макпетрол“ за 216.000 евра

Редакција