еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

Нов шопинг центар: Што нуди новиот „Поинт ретаил парк“ кој е прв во регионот

Во Македонија се отвори првиот „Поинт ретаил парк“, а вкупната инвестиција на компанијата „Али Тобако“ во овој шопинг центар кој што се наоѓа во Општината Бутел изнесува девет милиони евра, а ќе бидат отворени 200 нови работни места.

„Отварањето на ваков Ритеил парк ја зголемува атрактивноста на земјата како туристичка и, во случајов, шопинг дестинација, отворајќи можност за зголемување на бројот на туристи, пред сѐ од соседните земји.

Оваа инвестиција од девет милиони евра во општината Бутел, на стратешка локација која ги поврзува населбите Центар, Карпош, Бутел и Чаир, каде според најавите на сопственикот ќе бидат отворени над 200 нови работни места, ќе придонесе за локален, регионален,но и развој на националната економија“, изјави министерот за економија Крешник Бектеши.

Според сопственикот Али Ќаили, ова е инвестиција која ќе влијае позитивно на градот Скопје и државата генерално, позиционирајќи ја Македонија како лидер во регионот.

„Поинт ритеил парк е инвестиција која ќе ги отвори вратите за околу 200 лица и која вреди околу девет милиони евра. Сакам на нагласам и дека овде во Поинт ќе можете да видите познати и реномирани домашни и странски брендови и воедно ќе искористам и да им се заблагодарам на сите закупци кои го препознаа нашиот план и ја препознаа нашата инвестиција”, изјави Ќаили, сопственик на „Поинт ритеил парк“.

Во „Поинт ритеил парк“ ќе има голем број познати домашни и странски брендови LC Waikiki, Sport Vision, KFC, JYSK, NEPTUN, Зегин, Сара Фешн, LTB, Шатци парфимерии, Спортекс, КРШ, Д Спортска опрема и други. Во склоп на „Поинт ритеил парк“ ќе има и ексклузивен ресторан, супермаркет КИТ-ГО, игрoтека и продавница за деца КРШ на површина од 2.500 м2.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Врховниот суд го потврди разрешувањето на Лидија Неделкова

Редакција

Сопатникот на момчето од Македонија кое загина во сообраќајката на Халкидики, пуштен од болница

Редакција

Штета на буџетот од 80 милиони евра: 6 нови истраги на СЈО, осомничени Ставрески, Османи, Груевски…

Редакција