На аудио и видео снимките објавени од италијанскиот весник La Verità јасно се гледа како Бојан Јовановски (Боки 13) и Зоран Милески (Зоки Кичеец) земаат пари од бизнисменот Орце Камчев, но и се слуша како осомничениот во “Рекет“, Боки 13 ја спомнува специјалната обвинителка, во заминување, Катица Јанева.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Италијански весник објави видео како Боки 13 и Зоки Кичеец земаат пари од Орце Камчев
За што разговараат Боки 13 и Камчев на аудио снимката што ја објави италијанскиот весник
Аудио разговорот помеѓу Боки 13 и Камчев, фрла нов сомнеж за евентуалната инволвираност на Јанева во случајот „Рекет“ на Јавното обвинителство.
Уште од првиот ден кога беа објавени детали за “Рекет“, истиот ден кога и Јанева поднесе оставка, таа е дел од бројни шпекулации во медиумите и јавноста кои ја поврзуваат со овој случај.
Истиот ден и беше одземен мобилниот телефон, неколку дена подоцна и вториот, кој првично беше „изгубен“, па форматиран и „најден“, но од Јавното обвинителство за медиумите информираа дека не нашле „ништо посебно“ што ја поврзува Јанева со случајот “Рекет“.
Медиумите објавија и дека “нешто“ се брише во Специјалното јавно обвинителство (СЈО), но и тоа не беше доволна причина да таа се поврзе со „Рекет“, па од боледување на кое замина откако даде оставка, Јанева си отиде на одмор.
Катица Јанева не ја искористи и можноста пред медиумите убедливо и јасно да докаже дека не е инволвирана во „Рекет“. Откако на прес-конференција во СЈО, на која се појави сама, ја прочита напишаната изјава, не сакаше да одговара на прашања на медиумите.
Но кажа дека нејзиното име и презиме било злоупотребено од Боки 13, но и од други лица.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Катица Јанева е на одмор, велат од СЈО, не откриваат дали е на Халкидики
(Фото) Катица Јанева на плажа во Грција?
Сите на одмор, Катица Јанева на „работа“
Катица Јанева ја форматираше државата