еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Нов третман за пациентите: За првпат извршена тромбектомија кај 70-годишен пациент со мозочен удар

Првпат во Македонија, во текот на вчерашниот ден, е извршена механичка тромбектомија кај 70 годишен пациент, кој доживеал мозочен удар, информираат од Министерство за здравство.

Станува збор за многу сериозен и сложен зафат на мозокот, каде се случил ударот, предизвикан од тромб – згрутчување на крвта.

„Пациентот е спасен од сигурна смрт. Тимот доктори, кои првпат досега во нашата држава го извршија овој успешен зафат го сочинуваат: доц. д-р Венко Филипче, д-р Менка Лазаревска, д-р Вјолца Алији и д-р Петар Јаневски, невролозите д-р Јасна Петреска, д-р Ана Донева и д-р Драгана Цветковска, како и анестезиолозите д-р Јасна Бушиновска и д-р Ида Теменугова“, се вели во соопштението.

Инаку, станува збор за многу сложена и тешка операција на крвните садови во мозокот.

„Операцијата е направена само на неколку часа од ударот, успеавме да го извадиме тромбот и да го спасиме пациентот. Овие таканаречени „удари“ често се фатални за пациентите и досега во Македонија не е извршен ваков зафат. Со оваа интервенција, која првпат се примени во Македонија, застанавме рамо до рамо со светските медицински центри“, изјави Филипче.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Времето денеска претежно облачно и посвежо со врнежи од дожд

Редакција

Пресметајте го вашиот BMI за да дознаете која е вашата идеална тежина

Редакција

„Брзо и агресивно го напаѓа црниот дроб на децата“: Доктор Софијанова за непознатиот аденовирус

Редакција