еМагазин
Image default
Бизнис

Нов Закон за инспекциски надзор: Инспекциите не треба да го полнат буџетот со казни

Инспекцискиот совет во досегашното постоење не придонесе за остварување на целите заради кои беше формиран, додека пак инспекциските служби се преоптоварени со обврски од административна природа кон советот, посочи денеска министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, на јавната дебата за предлог-новиот Закон за инспекциски служби.

Цела на расправата е преку отворена дискусија и дебата да се подобри текстот на Законот, којшто веќе е објавен на ЕНЕР и е достапен за коментари и забелешки.

„По направените анализи на фактичката состојба заклучивме дека тој се карактеризира со голем број на одредби кои честопати се меѓусебно противречни. Ова особено се однесува на проблемите кои субјектите, граѓаните и бизнисите ги имаат при инспекциските контроли. Недоволниот број на инспектори и сложената постапка за стекнувањето на статус инспектор, се дополнителен предизвик. Субјектите на надзор не се доволно запознаени со своите права и обврски при вршењето на надзорот и се оптоварeни со голем број надзори врз нивното работење“, рече Манчевски.

Целта на законот е надминување на неконзистентноста, слабостите и пропустите во практичната примена на одредбите на важечкиот закон.

„Поголема правна сигурност за субјектите на надзор со воведување на унифицирани правила за надзор и јасно утврдување на нивните права и обврски. Олеснувања за субјектите на надзор преку намалување на репресивниот карактер на надзорот и зголемување на бројот на инспектори преку поедноставување на условите за стекнување лиценца за инспектор.

Инспекцискиот надзор мора да престане да биде механизам за полнење на буџетот. Инспекцискиот наздор мора најпрвин да има советодавна улога. Субјектите најпрвин да добијат опомена и рок да ја отстранат неправилноста, пред да се изрече казна. Само на таков начин инспекцијата нема да се доживува како репресија. Овие измени на законот, конечно го предвидуваат тоа“, истакна Манчевски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во блок трансакција продадени 1.000 акции од Комерцијална банка за 91.000 евра

Редакција

Макпетрол со зголемена добивка за 140,24% во првите шест месеци од годинава

Редакција

Раст на станбените и потрошувачките, пад на автомобилските кредити

Редакција