еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Нов Зеланд прогласи крај на епидемијата на корона вирусот, ја укинува физичката дистанца

Нов Зеланд ја елиминираше епидемијата на коронавирусот и ќе ги укине сите мерки, освен оние на границите, најави премиерката Џасинда Ардерн, со што оваа јужнопацифичка земја е една од првите во светот што го направи тоа.

– Владата од денеска на полноќ ќе ги укине мерките за физичко растојание и ќе премине од ниво 2 на вонредна состојба на ниво 1, рече Ардерн.

Јавните и приватните настани, продавниците и угостителските објекти, како и целиот јавен превоз сега можат да почнат со работа нормално, без придржување кон физичко растојание кое е во сила во повеќето земји во светот.

– Иако сега сме во побезбедна, посилна позиција, сепак нема да биде лесно да се вратиме на животот пред Ковид-19. Го зачувавме нашето здравје со одлучност и истрајност, а сега треба да се фокусираме на економското закрепнување. Сѐ додека не е завршено, не можеме да кажеме дека е постигнато. Така, можам да завршам со едноставно: Ти благодарам, Нов Зеланд, истакна Ардерн.

На Нов Зеланд живеат околу пет милиони луѓе кои се изборија со пандемијата.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Чаир руши рекорди, само Штип има повеќе активни случаи на корона вирусот

„Небитен си ко полициски час во Чаир„: Твитер реакции за полицискиот час

30 лица од новозаразените 111 со корона вирусот со претходни заболувања

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Хит политичка кампања во Србија: Вучиќ излегува од фрижидер

Редакција

Од утре разговори и интернет без роаминг помеѓу Македонија, Србија, Црна Гора, Албанија, Косово и БиХ

Редакција

МВР во акција: За помалку од еден месец изречени над 14.000 сообраќајни санкции

Редакција