еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Нова акција од ТРИ: Пишувачки предизвик „Карантински приказни“

Издавачки центар ТРИ ја започна акцијата Пишувачки предизвик, наречен „Карантински приказни – Антологија на изолацијата“.

Нејзина цел е да се поттикнат и соберат најоригиналните и најинтересните раскази настанати во ова тешко време што сме принудени да го поминеме во изолација и дружење најмногу со себе и сопствените мисли.

Со цел да се создаде траен запис за еден од најдраматичните периоди од нашиот живот,  „Карантински приказни – Антологија на изолацијата“ има задача да биде хроничар на новото време што го сведочиме и сведоштво за реалноста со која сите сме соочени.

Со собирање на кратки раскази што се очекуваат од сите пишувачи кои во овие моменти имаат инспирација и сила за пишување, оваа акција е добар потег за засведочување на овој бурен и на моменти нестварен период.

Издавачки центар ТРИ ги охрабрува сите пишувачи – искусни и помалку искусни, да земат учество во овој интересен предизвик и да праќаат раскази на темата. Таа нема ограничување во однос на стилот и обемот. Сите творби ќе бидат внимателно прочитани од Редакцијата на ТРИ и ќе бидат објавени во една книга, а за авторите на најдобрите раскази постои можност за подолгорочна соработка со ТРИ.

Книгата нема да биде продажна и ќе биде достапна во електронска верзија за сите читатели. Рокот за праќање на творбите е до крајот на април, на [email protected].

ПРОМОТИВНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Македонскиот стјуард Илија Каниковски е новиот амбасадор на „Виз ер“ во Македонија

Редакција

Учениците од „Нова“ истражуваа дали играњето видео игри ги подобрува рефлексите

Редакција

Од утре почнува исплатата на пензиите во НЛБ Банка

Редакција