еМагазин
Image default
Бизнис

Нова цена на горивата: Бензините поскапуваат, дизелот поевтинува

Бензинот „еуросупер БС-95“ од ноќеска на полноќ поскапува за 1,5 денари, а „еуросупер БС-98“ за денар, додека цената на дизелот  и на екстра-лесното масло за домаќинствата се намалува за половина денар, одлучи денеска Регулторната комисија за енергетика (РКЕ).

Новата цена на „еуросупер БС-95“ изнесува 66 денари за литар, а 67,5 денари на „еуросупер БС-98“, додека литар еуродизел ќе се продава за 60,5 денари.

РКЕ ја  утврди новата цена на горивата врз основа на просечната цена на суровата нафта  и курсот на денарот во однос на доларот во изминатите две недели.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео+Фото) Поплавен рудникот Суводол на РЕК Битола

Редакција

Раст од 124,4% на прометот на Македонската берза во март

Редакција

Сител, Канал 5, Алфа и Алсат М лани работеле со добивка, а Телма со загуба

Редакција