еМагазин
Image default
Македонија

Нова епизода од „Рекет“: Во главна улога Ана Камчева

Со сведочење на Ана Камчева, сопругата на Јордан Камчев, денеска во Кривичниот суд треба да продолжи рочиштето за предметот „Рекет“ во кој се обвинети поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева и Бојан Јовановски-Боки 13.

На последното рочиште, што се одржа на 6-ти декември, сведочеше Јордан Камчев, кој рече дека во повеќе наврати обвинетиот Боки 13 пробал да го уценува со, според него, наместен предмет „Империја“ покренат од Специјалното јавно обвинителство (СЈО), кој имал цел на нелегален начин да се стекне со поголема сума пари.

Од Јовановски, сведокот добил понуда за пи-ар реклама, Камчев му понудил 50.000 евра на што Боки 13 се навредил за висината на сумата.

Во својот исказ Камчев рече дека потоа Боки 13, заедно со третообвинетиот во „Рекет“, Зоран Милески-Кичеец, кој ја призна вината и беше осуден на три години затвор, му понудил бизнис за отворање фешн молови, а по одбивањето на тој проект, добил друга понуда за изградба на старечки домови за што првообвинетиот му побарал четири милиони евра.

Во меѓувреме платив 180.000 евра за реклама на неговата телевизија. Потоа ми пушти слика со обвинителката Јанева, по што ми кажа дека се спрема нешто големо против мене, изјави Камчев и додаде дека „Рекет“ е конструиран од Боки 13 и уште неколку луѓе.

Сведокот рече дека и обвинителката Лиле Стефанова преку нејзиниот пријател Ванчо Чифлиганец барала средства за ќерката на Лиле за ординација во зградата на „Адора“.

Камчев потоа бил приведен и понудил гаранција за домашен притвор, а во првите денови во фирмите имал и инспекции во сите компании. Ова, рече тој, беше смислен притисок од Боки 13, преку Стефанова и Јанева.

На првото рочиште за „Рекет“, што се одржа на 3-ти овој месец, третообвинетиот Зоран Милески-Кичеец беше осуден на три години затвор откако призна вина за случајот и предметот за него беше одвоен од оној против Јовановски и Јанева. Милески има право на жалба до Апелацискиот суд само во делот на висината на казната.

МИА/Фото: МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Камчев се „отвори“ како сведок на судењето за „Рекет“: Боки 13 ми вршеше притисок преку Јанева и Стефанова

Чифлиганец: Сум немал никакава средба за „Рекет“, ниту во мојот, ниту во нечиј друг стан

Орце Камчев дојде сам на судењето за „Рекет“, неговата сопруга Ана била болна

„Боки 13 шокираше со изгледот“: Судењето за „Рекет“ топ тема во регионот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пациент од Прилеп и од Велес починаа од Ковид-19

Редакција

Судењето за „Титаник“ продолжи со сослушување на сведоци

Редакција

Собранието ќе продолжи со седницата за избор на министри в понеделник

Редакција