еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Нова книга од гуруто за мотивација и лидерство Робин Шарма

Еден од највлијателните светски стручњаци за постигнување успех и личен развој Робин Шарма, најпознат по планетарниот бестселер „Калуѓерот што го продаде своето ферари“, од денеска (21 јануари) во издание на ТРИ се враќа во книжарниците со уште едно извонредно дело – „Клубот 5 наутро“ – посветено на сите што сакаат да го ослободат својот потенцијал и да достигнат врвен успех во приватниот и професионалниот живот.

„Клубот 5 наутро“ е книга за лична преобразба во која Шарма го претставува концептот воведен пред дваесет години и втемелен врз револуционерната утринска рутина којa веќе им помогналa на илјадници негови клиенти максимално да си ја зголемат продуктивноста, да си го подобрат здравјето и да уживаат во спокоен живот во ова динамично и стресно време.

Резултат на четиригодишната посветена работа, оваа книга и самиот автор ја смета за свој најсериозен труд досега, и верува дека е книга која поседува моќ трајно да го промени животот на секој што ќе одлучи да ги следи советите и правилата содржани во неа.

Робин Шарма е автор кој ужива голема популарност кај македонската читателска публика, која го познава по „Лидер без титула“, „Кој ќе плаче кога ќе те нема“, „Водич кон величественоста“, благодарејќи на својата ретка способност со своите невообичаено оригинални и корисни совети да им помогне на индивидуалците да бидат најдобри, на тимовите да постигнуваат високи резултати, а на организациите да бидат непобедливи.

Речиси дваесет години најуспешните го избираат Робин Шарма за свој гуру бидејќи во неговите зборови наоѓаат мудрост за да постигнат значаен успех во сите области на животот.

Неговите дела се продадени во 15 милиони примероци низ светот, што го прави еден од најчитаните писатели на денешницата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Telekom Electronic Beats пикник во Градски парк за совршен крај на летото

Редакција

Историска средба: Владиката Партениј и монасите и монахињите од Бигорски, Рајчица, Пречиста и Кнежино на средба со Вселенскиот патријарх

Редакција

Виното „Розе“ на „Стоби“ ги освои критичарите на „Вашингтон пост“

Редакција