Управата за јавни приходи (УЈП) ја објави новата листа на должници за долгови доспеани до 31.10.2019 и неплатени до 31.01.2020 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини за кои вкупниот износ на долгот е повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност и повисок од 300.000 денари за правните лица.
На листата се објавени 2.071 должници – правни лица (повеќе за 76 од претходната листа) и 2.529 физички лица (повеќе за 14 од претходната листа).
Вкупно објавениот нето долг изнесува 10.195.548.760 денари (околу 165 милиони евра), што е повеќе за 189.116.316 денари од претходната листа.
Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 10.010.296.594 денари (повеќе за 156.322.034 денари од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 185.252.166 денари (повеќе за 32.794.282 денари од претходната листа).
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Звучни имиња на новата листа должници на УЈП
Нова листа должници на УЈП: Меѓународен сојуз на Боки 13 должи 107.000 евра неплатен данок
Нова листа должници на УЈП: 1ТВ должи илјадници евра неплатен данок
Топ пет најголеми должници кон УЈП: ТЕ-ТО убедливо на врвот