еМагазин
Image default
Бизнис

Нова листа должници на УЈП: Меѓународен сојуз на Боки 13 должи 107.000 евра неплатен данок

Управата за јавни приходи ја објави новата листа на должници за долгови доспеани до 31.10.2019 и неплатени до 31.01.2020 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини за кои вкупниот износ на долгот е повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност и повисок од 300.000 денари за правните лица.

На листата се најде и Меѓународен сојуз – Скопје чиј основач е Бојан Јовановски-Боки 13, организација за која веќе има покренато обвиненија и судски постапки според кои се користела како параван за рекетирање бизнисмени.

Меѓународен сојуз  кон УЈП има неплатен долг од 6,6 милиони денари или околу 107.000 евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Топ пет најголеми должници кон УЈП: ТЕ-ТО убедливо на врвот

Нова листа должници на УЈП: Граѓани и фирми должат 165 милиони евра за неплатени даноци

Фото: Фејсбук/Боки 13

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во февруари издадени за 39,5% повеќе одобренија за градба

Редакција

Се разгорува акционерската битка во „Реплек“: Продаден блок акции за 283.000 евра

Редакција

УЈП распродава запленети автомобили, камиони, булдожери…

Редакција