еМагазин
Image default
Бизнис

Нова листа на УЈП: Над 4.500 граѓани и фирми должат 10,2 милијарди денари

Управата за јавни приходи ја објави листата на должници бр.09/2018 за долгови доспеани до 31.05.2018 и неплатени до 31.08.2018 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини. На листата на должници објавени се 2.178 должници – правни лица (помалку за 112 од претходната листа) и 2.082 физички лица (помалку за 9 од претходната листа).

Вкупно објавениот нето долг во листата изнесува 10.279.134.122 денари, помалку за 363.395.590 денари од претходната листа. Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 10.250.255.224 денари (помалку за 252.514.892 денари од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 28.878.898 денари (помалку за 110.880.698 денари од претходната листа).

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Клиниката за инфективни болести вработува пет лица, плата до 19.600 денари

Редакција

Промени во Одборот на директори на „Гранит“

Редакција

Државен инспекторат за земјоделство вработува 6 службеници

Редакција