еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Нова подобрена верзија на онлајн услугите на ЕВН

Почна со работа новата надградена  верзија на онлајн услугите на ЕВН – evnonline.mk. Овие услуги на корисниците сега ги нуди компанијата „ЕВН Хоме“ која од минатата година е универзален снабдувач  за електрична енергија, информираат од компанијата.

„Со подобрувањата ќе се пресретнат барањата на корисниците, особено со дигитализацијата на нови опции  кои досега не беа достапни онлајн.

Досега, ЕВН Онлајн на корисниците им нудеше три одделни услуги:

– електронска пријава за е-фактура (Формулар за е-фактура)

– брзо плаќање на фактурите без регистрација на кориснички профил (Плати брзо)

– проверка на долгови и плаќање на фактурите со регистрација на кориснички профил (досега Е-пункт).

Главната промена се состои во целосната преработка на сервисот за регистрирани корисници –  „Е-пункт“ што сега е преименуван во „Мој ЕВН Хоме“. „Мој ЕВН Хоме“, како интегриран дел од ЕВН Онлајн претставува унапреден кориснички портал за услуги поврзани со плаќањето на фактурите за електрична енергија со респонзивен дизајн.

Така, посетителите имаат беспрекорно корисничко искуство без разлика од каков уред пристапуваат“, велат од компанијата.

Отсега, „Мој ЕВН Хоме“ покрај плаќањето фактурите без провизија, ги нуди и следните опции:

– плаќање на повеќе фактури одеднаш

– регистрирање на повеќе места на потрошувачка на еден кориснички профил

– регистрирање на едно место на потрошувачка во повеќе профили

– преземање на копии од фактури од последните 12 месеци

– увид во историја на сите плаќања реализирани преку корисничкиот профил.

“Корисниците на досегашната услуга „Е-пункт“ ќе може да го користат „Мој ЕВН Хоме“ со истото корисничко име (електронската пошта) и лозинка, со што при првото логирање системот ќе им побара промена на лозинката.

Преку „Мој ЕВН Хоме“ корисниците добиваат услуги достапни во секое време и место, едноставни и брзи за користење во само неколку чекори“, велат од компанијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Познатата апликација „МојВоздух„ ја освои престижната World Summit Award 2020 награда од ОН

Редакција

Прво издание на меѓународниот фестивал за краток филм „ФИЛМАЈ“ кај нас

Редакција

„Брилијант“ на „Витаминка“ со поддршка за серијата „Преспав“

Редакција