еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Нова „шлаканица“ за Борис Џонсон: Усвоен Закон за спречување на Брегзит без договор

Пратениците од Долниот дом на парламентот во Британија синоќа усвоија Закон за спречување на Брегзит без договор, кој утре би требало да се најде на дневниот ред и во Домот на лордовите.

Со тоа тие му удрија уште една „шлаканица“ на премиерот Борис Џонсон кој сака Брегзит по секоја цена да се случи до 31 октомври. Неговата Влада сега се откажа од блокирањето на законот чијашто цел е да се стопира напуштањето на Евопската Унија без договор.

Ако законот биде усвоен, Џонсон ќе мора да бара од ЕУ тримесечно одложување на Брегзитот, доколку не постигне договор со Брисел до средината на октомври.

Тој претходно се закани со избори доколку дојде до блокада на Брегзит во парламентот.

Фото: BBC

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ќе станат ли Шпанија и Британија пречка да станеме членка на НАТО во декември?

(Видео) Шекспировски заплет во Британија: Што всушност ќе донесе Брегзит?

Фото: BBC

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Столтенберг не успеа да го разубеди Мицкоски за договорот со Грција, ќе успеат ли Курц и Меркел

Редакција

(Видео) Во Русија продолжуваат протестите против војната во Украина, полицијата ги апси демонстрантите

Редакција

Филмска бркотница и пукотници за време на полициски час: Со возило повредил полицаец и удирал се пред себе

Редакција