еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Нова ски-патека во Маврово, награда за „кумот“ кој ќе предложи име на патеката

Ски-центарот Маврово информира дека има нова ски-патека, но пред да биде пуштена во функција  ѝ треба име, односно „кум“ кој ќе ја крсти.

Креативни и иновативни предлози за име на новата ски-патека напишете ги во коментари на фејсбук-страницата Ski Mavrovo. Потоа следува гласање откако ќе се соберат доволен број на предлози за име на новата ски патека.

„Откако ќе завршиме со гласањето се одбира победничкиот предлог и заедно со „кумот“ ја обележуваме новата патека во Ски центар Маврово со знаци и официјално ја крунисуваме со нејзиното ново име. Победникот ќе биде награден за неговата креативност“, велат од Ски-центар Маврово.

Фото: Фејсбук/Ски-центар Маврово

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Се отвора изложбата „Трета страна на стварноста“ во МСУ

Редакција

Бесплатни прегледи за мерење на дишната функција на 21-ви ноември во Капитол мол

Редакција

Васил Јанкула, лице со церебрална парализа со трицикл тргна во обиколка на државата

Редакција