еМагазин
Image default
Локално

Нова љубовна приказна во Зоолошката градина: Се засакаа лавот Жика и лавицата Акети

Зоолошката градина Скопје на својот Фејсбук профил објави фотографија од лавот Жика и новодојдената лавица Акети која пристигна во скопската ЗОО пред неколку месеци.

„Лавот Жика и лавицата Акети сега живеат заедно во заедничко живеалиште. Имаа подолг период на запознавање и адаптација, а Акети која во Скопје ЗОО пристигна пред неколку месеци веднаш покажа симпатии кон Жика😁. Кој вели дека во животинскиот свет нема љубов? ❤️“, напишаа од Скопје ЗОО.

Фото: Фејсбук/Скопје ЗОО

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кривична пријава за повикување на насилство преку Фејсбук

Редакција

Пукање во Бутел: Двајца скопјани повредени во изрешетано „ауди“

Редакција

Скопјанец со возило удри во 13-годишно девојче

Редакција