еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Нова Уредба: Договорните услови на кредитите ќе се менуваат 90 дена по вонредната состојба

Се продолжува рокот во кој банките и штедилниците можат да ги променат договорните услови на кредитните изложености на правните и физичките лица за 90 дена по престанок на траењето на вонредната сотојба.

Ова го предвидува измената на Уредбата со законска сила за начинот на промена на договорните услови на кредитни исложености кај банките и штедилниците што ги донесе Владата вчера на седница.

Како што информира владината прес-служба, донесена е и Уредба со законска сила за изменување на Уредбата за примена на Законот за заштита на потрошувачите при договори за потрошувачки кредити за време на вонредна состојба, со која се овозможува и во наредните 90 дена висината на трошоците кои не се вклучени во пресметката на годишната стапка на вкупни трошоци, да не надминува 30 проценти од износот на одобрениот кредит.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Банките наплаќаат просечна камата од 4,89% на кредитите, а даваат 1,11% за штедните влогови

Дури 70 отсто од граѓаните кои користат кредит од банките го одложиле плаќањето

Јовановиќ: Банките ќе профитираат 100 милиони евра од корона вирусот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Лотарија на Македонија“ за три месеци оствари добивка од 1,1 милиони денари

Редакција

Тројца загинати и петмина повредени во тешка сообраќајна несреќа, пред тунелот кај Катланово

Редакција

Никола Димитров: Во државава треба да се забрани фразата: не сме надлежни

Редакција