еМагазин
Image default
МАКЕДОНСКО

Нова веб-страница за правилна употреба на македонскиот јазик

Авторката проф. д-р Димка Митева (македонист, славист) објави Речник на синтагми, полуизрази и изрази во македонскиот јазик, во седум тома.

Со ова, македонската и светската јавност, преку слободен пристап (бесплатно) за сите интернет-корисници добива на увид над 4.000 страници текст.

Авторката Димка Митева во оваа 2020 година ќе наполни 50 години од својата научно-истражувачка дејност на полето на македонскиот јазик. По тој повод на авторската веб-страница ќе бидат претставени уште нови нејзини 5.000 страници научен материјал за македонскиот јазик, содржани во трудовите: „Прав речник на македонскиот јазик“, „Речник на интернационализмите во делото на К. П. Мисирков“ и „Толковен речник на Цепенковите приказни“.

Со овие дела научно се потврдува и збогатува автентичноста и самобитноста на македонскиот јазик, неговото културно и литературно богатство во континуитет.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонија го чествува Свети Климент Охридски, прв словенски епископ – проповедник, мисионер, првосвештеник и космополит

Редакција

Документарниот филм за Бигорски манастир „1000 години сведок на Светлината“ ќе биде промовиран на 15 април

Редакција

Бранко Црвенковски: Преспанскиот договор не е добар, тој со Бугарија ја отвори Пандорината кутија

Редакција