еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Новата година носи нови даноци: За приход од 100.000 денари ќе се плаќа данок од 10.800 денари

Од денеска стапува на сила новиот закон за данок на личен доход со кој се укинува рамниот данок и се воведува прогресивно оданочување.

Според новата регулатива, доколку даночната основа на поединечна исплата по некој од основите кој се даночи со прогресивни стапки го надминува прагот од 90.000 денари, за делот над 90.000 ќе се плати данок по повисоката стапка од 18 отсто уште во моментот на исплатата.

На пример, доколку се исплаќа надоместок по основ на договор за дело од 100.000 денари, исплатувачот ќе треба да плати вкупен данок од 10.800 денари (10 отсто односно 9.000 денари за делот што е до 90.000 денари и 18 отсто односно 1.800 денари за делот што го надминува прагот од 90.000 денари).

На крајот на годината, со годишната даночна пријава ќе се врши пребивање помеѓу вкупниот доход што го остварило едно лице и вкупниот данок што бил платен, и доколку постои разлика помеѓу платениот данок и данокот што треба да се плати за остварениот доход, на лицето ќе му се врати повеќе платениот данок, или пак лицето ќе треба да доплати.

На пример, доколку на лицето од горниот пример тие 100.000 денари му се единствениот доход во годината, на него ќе му бидат вратени 800 денари, затоа што 100.000 денари на годишно ниво е под годишниот праг од 1.080.000 денари за повисоката стапка од 18 отсто.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Вознемирувачко видео) Во терористички напад во Брисел убиени двајца Швеѓани, убиецот во бегство

Редакција

Пет дена ја нема Вања Ѓорчевска: Што досега направи полицијата

Редакција

Влада: Бугарија го потврди ветото, историската сега е огромна геостратешка грешка

Редакција