еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА ТОП СТОРИИ

Новата реалност: Свадби без оро и жива музика и ограничен број на гости

Новиот протокол за работа на рестораните за организацијата на свадби предвидува свадби без оро и без жива музика, а единствен танц да биде само тој на младенците со кој ќе стартува прославата.

Протоколот кој го изготвија претставниците на рестораните треба да биде одобрен од Комисијата за заразни болести.

Тој предвидува и свадбите да се организираат со ограничен број гости во зависност од капацитетот на угостителскиот објект. Дезинфекциски средства треба да има на сите маси, а персоналот задолжително да носи заштитна маска. Работното време да е до 21 часот.

„Владата до овој момент нема препорака од Комисијата за заразни болести, но ако Комисијата препорача некои нови мерки или протоколи, истиот предлог се разгледува во Главен координативен кризен штаб, а потоа и на седница на Владата.

Постојано правиме анализи и ја следиме состојбата, доколку има потреба и можност, Владата секако ќе интервенира со дополнителни мерки,“ велат од Владата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пандемијата е далеку од завршена, богатите да ги споделат вакцините со сиромашните, велат од Светска здравствена организација

Редакција

Партијата на Борисов предложи денот на Св. Кирил и Методиј – 24 мај, да биде национален празник на Бугарија наместо 3 март

Редакција

Шефот на ЕУ дипломатијата, Борел: Светот се соочува со драматична ситуација, војната во Украина нема наскоро да заврши

Редакција