еМагазин
Image default
Балкан

Новата Влада на Косово експресно ја запре трговската војна со Србија

Новата косовска Влада на премиерот Авдулах Хоти ги укина двете одлуки за постепено воведување реципроцитет кон Србија на претходната влада на Албин Курти со што ја запре отворената трговска војна.

Премиерот Хоти ја оцени денешната одлука како мошне значајна и порача дека очекува соодветна реакција и од српската страна, со цел да се отвори патот за продолжување на дијалогот.

„Донесовме значајна одлука за отстранување на пречките за продолжување на дијалогот. Очекуваме и српската страна да ги отстрани сите пречки, меѓутоа ние го задржуваме нашето право како суверена држава да воведеме мерки за зачувување на нашиот суверенитет“, изјави Хоти.

Тој очекува по отстранувањето на пречките да продолжи дијалогот со Србија и дека одлуките ги донел во координација со меѓународните партнери.

„Овие одлуки доаѓаат како резултат на координацијата со меѓународните партнери. Заложбите кои ги презедовме се дека ќе ги укинеме пречките за дијалогот. Отстранети се сите пречки на определен рок. Доколку дијалогот не ги донесе очекуваните резултати, ние го задржуваме правото повторно да ги воведеме“, изјави Хоти.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Косово доби нова Влада, ќе ја води Авдулах Хоти

Косово повторно ја разгоре трговската војна со Србија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Пари, пиштол и кондом до креветот: На Бојко Борисов пред избори му објавија нови фотографии од спалната

Редакција

Во Бугарија уапсен Романец во врска со убиството на новинарката Маринова

Редакција

Меѓународни набљудувачи: Изборите во Србија ги одбележаа нееднаквите услови за учесниците

Редакција