Во последните 24 часа се направени 1.019 тестирања, а регистрирани се 125 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје-89, Куманово-4, Штип-2, Прилеп-2, Тетово-11, Струга-3, Велес-1, Охрид-8, Гостивар-1, Струмица-2, Кичево-1 и Ресен-1, информираат од Министерството за здравство.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 3.364, бројката на оздравени пациенти е 1.664, на починати е 164, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1.536.
По завршени епидемиолошки анкети, еден од позитивните случаи вчера регистриран во Скопје е од Куманово.
Согласно тоа последната дистрибуција по градови е следна: Скопје 1461, активни 844, Куманово 573, активни 155, Дебар 53, активни 2, Штип 225, активни 186, Прилеп 220, активни 26, Тетово 312, активни 145, Струга 109, активни 34, Велес 145, активни 27, Битола 30, активни 3, Охрид 45, активни 28, Кавадарци 6, активни 1, Гостивар 52, активни 30, Гевгелија 6, активни 2, Струмица 7, активни 4, Крива Паланка 7, активни 1, Радовиш 4, Крушево 3, Кочани 53, активни 22, Пробиштип 11, активни 9, Демир Хисар 1, Македонски Брод 2, Пехчево 3, Берово 2, активни 1, Валандово 3, активни 2, Виница 3, активни 1, Делчево 1, Кратово 3, активни 1, Свети Николе 3, активни 2, Кичево 4, активни 2, Ресен 1, активни 1, Неготино 16, активни 7 (*9 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија).
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Починаа седум лица заразени од корона вирусот
Текстилниот кластер во Штип брои 126 заразени со коронавирусот
Корона вирусот “влезе“ и во Лекарската комора, позитивни две лица
Во Македонија има повеќе жени заразени со корона вирусот