еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Нови 35 случаи на заразени со корона вирусот, од кои 22 во Скопје

Во последните 24 часа направени се 1.120 тестирања, а регистрирани 35 нови случаи на Ковид-19 и тоа во: Скопје-22, Куманово-4, Штип-1, Тетово-6, Струга-1 и Гостивар-1, информираат од Министерството за здравство.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 2.164, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 498.

“По завршување на епидемиолошките анкети, две лице кои вчера беа евидентирани во Скопје, се соодветно распоредени во Тетово и Куманово според местото на живеење“, велат од Министерството.

Согласно ова, последната дистрибуција по градови е: Скопје – 817, активни 248, Куманово – 453, активни 44, Дебар – 51, активни 0, Штип – 62, активни 27, Прилеп –211, активни 41, Тетово – 198, активни 75, Струга – 80, активни 11, Велес – 129, активни 29, Битола –28, активни 4, Охрид –23, активни 6, Кавадарци – 5, активни 0, Гостивар –23, активни 5, Гевгелија – 4, активни 0, Струмица – 3, активни 1, Крива Паланка- 6, активни 0, Радовиш – 4, активни 0, Крушево – 3, активни 0, Кочани – 32, активни 1, Пробиштип – 2, активни 0, Кичево – 3, активни 1, Неготино -12, активни 3 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија), Демир Хисар – 1, активни 0, Македонски Брод – 2, активни 0, Пехчево- 3, активни 0, Делчево-1, активни 0, Валандово -1, активни 0, Виница – 3, активни 1, Кратово-2, активни 0, Берово-1, активни 0, Свети Николе-1, активни 1.

“Направените 1.120 теста се преку: Институт за јавно здравје –546, ЦЈЗ Скопје- 66, Авицена –50, Биотек -178, Филип Втори (Жан Митрев) –51, Систина со PCR метода -120 и МАНУ -109.

Досега во земјата се направени вкупно 28.804 тестирања на Ковид -19.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во изминативе 24 примени се 4 пациенти, хоспитализирани се вкупно 40 пациенти. Потешко болни и на кислородна поддршка се 19 пациенти.

Во ГОБ „8 септември“ примени се 10 нови, а вкупно хоспитализирани 38 пациенти. На респираторна машина се 7, a со потешка клиничка слика се уште 7 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 3 пациенти, а на домашно лекување се следат уште 2 пациенти.

Во болницата во Штип се хоспитализирани 15, а на домашно лекување се следат 10 пациенти.

На ифективните одделенија во Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани  29 пациенти -позитивни и сомнителни на Ковид-19“, велат од Министерството.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вработен во градинка во Тетово позитивен на корона вирусот

Пет новопочинати од корона вирусот, меѓу нив и десетмесечно бебе

Петмина од Чаир, двајца од Сарај и Аеродром: Од кои скопските општини се 22 нови случаи на заразени со Ковид-19

Фото: Град Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Автобусот на „Дурмо турс“ имал уред за манипулација на брзината, тврди возач од компанијата

Редакција

Имунитетот е најдобар сојузник во борбата против корона вирус, како да го подобрите

Редакција

Нови 168 случаи на Ковид-19, оздравени 90, нема починати

Редакција