еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Нови детали за најмладиот починат пациент од коронавирусот, кој имаше 31 години

На денешната прес конференција, министерот за здравство, Венко Филипче соопшти нови детали за Скопјанецот, кој почина од коронавирусот и моментално е најмладата жртва.

Филипче рече дека во анамнезата и документите на Клиниката не стои дека пациентот укажал на тоа дека имал и претходни заболувања, иако дознале дека кај специјалистите кај кои правел консултации претходно укажал дека имал претходни здравствени состојби.

Смртта на 31 годишниот пациент од Скопје ја потресе јавноста.

Тој почина завчера на Инфективната клиника во Скопје.

Тогаш Филипче нагласи дека ја имал најтешката форма која е досега опишана во медицинската литература за компликации од коронавирусот.

Рече и дека кај овој пациент имало нагло влошување на состојбата. Бил поставен на респиратор, меѓутоа неговата клиничка слика била со крвавење и практично имал распад на белите дробови.

“Еден ризик фактор кај него е обезноста што ја имал. Обезноста во вакви случаи е ризик фактор“, нагласи Филипче.

За тоа како починатиот се заразил со вирусот, министерот најави дека дополнително ќе информира откако ќе се провери неговата епидемиолошка анкета.

Што е обезност?

Обезност или гојазност е состојба која многу често се среќава во денешно време. Таа треба многу сериозно да се сфати, бидејќи може да предизвика разни проблеми, како што се проблеми со срцето, дијабет, хипертензија, карцином и многу други.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Како и зошто почина од коронавирусот мажот од Куманово, кој имаше 45 години

Работниците кои ќе останат без работа ќе добиваат надомест од државата согласно нивниот стаж

За фирмите субвенции од 14.500 денари за вработен и 50% субвенционирање на придонесите за плата

СЗО препорачува здравите луѓе да не носат маски: Корона вирусот се пренесува преку капки

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ТАВ најавува: “Ер Балтик” влегува на македонскиот пазар со нова сезонска авиолинија Скопје – Рига

Редакција

Џафери ја врати на доработка интерпелацијата што ја поднесе Левица, од партијата најавуваат тужба

Редакција

Шест години казна затвор за Бобан Илиќ за прегазувањето на малиот Алмир

Редакција