еМагазин
Image default
Македонија

Нови осум лица заразени со корона вирусот во Прилеп, вкупно 46 случаи

Во Прилеп денеска има регистрирано нови осум лица заразени од коронавирусот. Бројката се искачи на вкупно 46 лица, што значи дека Прилеп е трет во државава по бројот на заболени.

Според Драгица Николоска, директор на Центарот за јавно здравје, станува збор за локална трансмисија и за непочитување на мерките.

„Ако во почетокот стануваше збор за први, втори контакти, сега веќе е локална трансмисија. Ова покажува дека доволно не се почитуваат мерките кои, сметам дека и на ова ниво се доволно ригорозни. Ситуацијата не треба да се потценува“, истакна Николоска по денешниот состанок на прилепскиот кризен штаб.

Во Прилеп досега се направени вкупно 250 тестови.

„Секој ден од матичните лекари се закажуваат од седум до десет тестови, по епидемиолошка индикација по седум до осум тестови и од инфективното одделение. Секојдневно до Институтот за јавно здравје се испраќаат од 15 до 25 тестови.

Досега, поради појавата на корона вирусот се затворени три компании во градот. Тоа е на доброволно барање на работодавците. Тие фирми се времено затворени“, додаде Николоска.

МИА/Фото: Општина Прилеп

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мајка и бебе од Кочани заболени од корона вирусот се лекуваат на Инфективна клиника

Притвореник во Шутка починал од срцев удар, но постсмртно се покажал позитивен на корона вирусот

Прв случај на позитивен на корона вирусoт во Пробиштип

Вкупно 663: Нови 46 случаи позитивни на коронавирусот, најмногу во Куманово

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

52 деца заболеле со Ковид-19 за една недела

Редакција

Ахмети: Сите на див начин, како волци, организираат пропаганда против ДУИ

Редакција

Протоколите за лекување на Ковид-19 се донесени лани, а ревидирани во март, вели Филипче

Редакција