еМагазин
Image default
Македонија

Нови рочишта за  „Т.Н.Т.“ и „Титаник 3“ на СЈО

Во Кривичниот суд за денеска се закажани нови рочишта за предметите на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), „Т.Н.Т.“ и „Титаник 3“.

На судењето за  „Т.Н.Т.“ што се однесува на незаконското уривање на комплексот „Космос“ на бизнисменот Фијат Цаноски, треба да бидат презентирани останатите материјални докази на СЈО.

Меѓу обвинетите за уривањето на „Космос“ се и поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот градоначалник на општина Гази Баба, Тони Трајковски.

Според обвинението на СЈО, обвинетите во 2011 година сториле кривично дело од политичка омраза со уривање на комплексот „Космос“.

Судење денеска треба да се одржи и за случајот „Титаник 3“ во кој се обвинети Ејуп Аљими и Исмет Гури од ДУИ. Тие се товарат дека како членови на Општинската изборна комисија во Чаир на локалните избори во 2013 година уништувале изборен материјал.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Централен регистар: Извршен е упад во компјутерскиот систем, податоците не се загрозени

Редакција

Град Скопје поднесе кривична против Петре Шилегов и Љубица Јанчева

Редакција

ВМРО-ДПМНЕ: Презентерката и несудена конзулка, Бесмира Ејупи се вработила во МНР

Редакција