еМагазин
Image default
Македонија

Нови рочишта за „Таргет – Тврдина“ и „Транспортер“

Во Кривичниот суд денеска треба да продолжи судењето за незаконското следење на комуникациите „Таргет-Тврдина” на Специјалното јавно обвинителство (СЈО).

На претходното рочиште беа сослушувани сведоци. Случајот се наоѓа во доказна постапка и го води судијката Женета Бегтовиќ, а застапник на обвинението е СЈО.

Во предметот „Таргет-Тврдина“ на СЈО се обвинети поранешниот началник на Петтата управа во МВР, Горан Грујевски, Никола Бошкоски, поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, поранешниот директорот на УБК, Сашо Мијалков, Тони Јакимовски, Владимир Варелов од УБК и уште пет други лица од Управата.

Според обвинителниот акт, преку три системи за следење на комуникациите во УБК, во периодот од 2008 до 2015 година незаконски биле следени 4.286 телефонски броеви за кои воопшто не биле издадени судски наредби.

Комуникацијата била следена пред да бидат издадени и по завршување на траењето на важноста на судските наредби на 1.541 број или вкупно 5.827 телефонски броеви. Прислушувани биле над 20 илјади граѓани.

Рошиште денеска е закажано и за предметот „Транспортер“, во кој поранешниот битолски градоначалник Владимир Талески и уште 20-тина лица се товарат за злоупотреба на службената положба во врска со организирањето превоз на ученици во Битола, со што е направена проневера на околу 360.000 евра.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Врховен не е пристигнато решението на Кривичниот суд за Томор Морина

Редакција

(Видео) Почина Васил Пујовски, автор на незаборавните „Кога те нема“ и „Ајде да се дружиме“

Редакција

Холивуд да го режира ова не може така да го направи, смета Рашковски за прибирањето на доказите против него

Редакција