еМагазин
Image default
Македонија

Нови рочишта за „Титаник“ и „Насилство во општина Центар“ на СЈО

Во Кривичниот суд во Скопје денеска треба да се одржат нови рочишта за случаите „Титаник“ и „Насилство во општина Центар“ на Специјалното јавно обвинителство (СЈО).

Судењето за изборни нерегуларности „Титаник“ се наоѓа во доказна постапка и треба да продолжи со изведување на материјално докази.

Во „Титаник“ обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски кој е во бегство во Унгарија, Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, како и Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристовски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашајковска.

Тие се осомничени за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за за финансирање изборна кампања.

Рочиште треба да се одржи и за предметот „Насилство во општина Центар“, во кој за насилствата пред општинската зграда на 10 јуни 2013 година обвинети се повеќе лица, меѓу кои поранешниот премиер Никола Груевски, екс министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, актуелната пратеничка во Собранието Даниела Рангелова и тогашниот советник во општина Гази Баба Александар Трајковски.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Николчo Стоилков кандидат за градоначалник на Ново Село од ВМРО ДПМНЕ

Редакција

Во понеделник завршува одморот за пратениците

Редакција

Детали од МНР: Загинатот маж во несреќата кај Лесковац е од крушевско, а едната жена од Кочани

Редакција