еМагазин
Image default
Македонија

Нови рочишта за „Титаник“, „Транспортер“ и „Тортура“

Во Основниот кривичен суд во Скопје за денеска се закажани нови рочишта за предметите „Титаник“, „Транспортер“ и „Тортура“, кои од Специјалното јавно обвинителство (СЈО) ги презеде во надлежност и натамошно постапување Јавното обвинителство.

Случајот за изборни нерегуларности „Титаник“ се наоѓа во доказна постапка и го води судијата Осман Шабани, а застапник на обвинението е Лиле Стефанова.

Освен поранешниот премиер Никола Груевски, кој е во бегство, во „Титаник“ се обвинети и Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристоски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашјаковска.

Тие се осомничени за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања.

Рочиште денеска е закажано и за предметот „Транспортер“, во кој поранешниот битолски градоначалник Владимир Талески и уште 20-тина лица се товарат за злоупотреба на службената положба во врска со организирањето превоз на ученици во Битола, со што е направена проневера на околу 360.000 евра.

Предметот се наоѓа во доказна постапка и го води судијката Добрила Кацарска, а застапник на обвинението е Трајче Пеливанов.

Судењето за начинот на апсењето на Љубе Бошкоски во 2011 година „Тортура” се наоѓа во доказна постапка и го води судијката Александра Ристевска, а застапник на обвинението е Љубомир Лапе.

Во „Тортура“ заедно со Сашо Мијалков се обвинети и поранешниот прв човек на единицата „Алфи” Ивица Антевски-Пуки и уште петмина припадници на единицата.

Специјалното јавно обвинителство ги гони за мачење и друго сурово, нечовечко или понижувачко постапување и казнување, за начинот на лишување од слобода на лидерот на Обединети за Македонија и поранешен министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски, на 6 јуни 2011 година, ден по предвремените парламентарни избори.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

2 лица имале претходни заболувања, детали за новопочинатите од коронавирусот во Македонија

Редакција

(Фото) Албанецот од Македонија кој ја уби сопругата во Австрија, бил подржувач на Исламската држава?

Редакција

Детален преглед: На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 426 пациенти болни и суспектни на Ковид-19

Редакција