еМагазин
Image default
Македонија

Нови рочишта за „Тврдина 2“, „Титаник 2“ и „Тарифа“ на СЈО

Во Кривичниот суд за денеска се закажани нови рочишта за предметите на Специјалното јавно обвинителство „Тврдина 2“, „Титаник 2“ и  „Тарифа“.

Во случајот „Тврдина 2“, првообвинет е екс-началникот на Петтата управа, Горан Грујовски, и шест вработени во УБК. На обвинетите им се суди за фалсификување службена исправа и за уништување службена документација поврзано со незаконското прислушување. Документацијата е поврзана со двата система од нелегалното прислушување, кои според СЈО, биле уништени во текот на 2014 година.

Предметот „Титаник 2“ што се однесува на изборни нерегуларности на локалните избори во 2013 година се наоѓа во доказна постапка. Пред судот, како што најавија, искази треба дадат обвинетите Влатко Сајковски, Сашо Срцев и Анета Стефановска.

Во „Титаник 2“ обвинети се лидерот на ДПА, Мендух Тачи, поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, како и поранешните членови на ДИК, Бедредин Ибраими, Анета Стефановска, Влатко Сајковски и Сашо Срцев.

Ново судско рочиште денеска треба да се одржи и за случајот „Тарифа“, во кој се обвинети поранешниот генерален директор на АД ЕЛЕМ Дејан Бошковски и уште две други лица.

Во овој предмет станува збор за обвинение за противзаконска набавка на софтверски систем за потребите на државната компанија „Електрани на Македонија“ вреден околу четири милиони евра.

Според обвинението на СЈО, обвинетите ја злоупотребиле службената положба и овластување во постапка за јавна набавка на софтвер – „ЕРП систем“. Обвинетите со неизвршување на службената должност овозможиле правното лице – конзорциум, кое подоцна го добило тендерот, да се квалификува во втората фаза на преговарање при јавната набавка, иако немало доставено комплетна документација.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Судењето за „ТНТ“ почнува од почеток, рочиште денеска и за „Траекторија“

Редакција

Нема препорака за нови рестриктивни мерки

Редакција

Судењто за „ТНТ“ се понеизвесно: Адвокатот Страшевски отиде на годишен одмор

Редакција