еМагазин
Image default
Локално

Нови шест случаи со заразени со мали сипаници: Заболено бебе со Даунов синдром

Министерство за здравство информираше дека вчерашниот ден се регистрирани шест нови случаи на морбили.

„На клиниката за инфективни болести е хоспитализирано едномесечно бебе со Даунов синдром од Куманово, кое е со потешка клиничка слика и претходно било лекувано на Клиниката за детски болести. Инаку, на клиниката за инфективни болести во моментот се хоспитализирани 20 пациенти со ова заболување.

Амбулантски се прегледани пет пациенти со симптоми на морбили, од кои едно 6-годишно дете од скопското село Љуботен, кое е вакцинирано со една доза, како и 4 возрасни пациенти (двајца од Скопје, и по еден од Дебар и од Куманово), кои се пуштени на домашно лекување.

Според податоци од пунктовите за имунизација, од почетокот на епидемијата се вакцинирани вкупно 5.107 деца“, соопштуваат од Министерство за здравство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кои се симптомите и како се пренесуваат мали сипаници

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Скопјанец нападнал полицаец кој го фатил како во „ауди“ превезува 10 мигранти

Редакција

(Фото) Герила акција на ДИК во Тетово и Гостивар: Ти си на ред! Гласај безбедно!

Редакција

Скопjанец со објава на Фејсбук им ја загрозил сигурноста на пратениците

Редакција