еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Нови текстилни работнички заразени со корона вирусот во Штип, во изолација над 130 лица

Во Штип повторно нови случаи на заразени со коронавирусот. До утринскиот пресек на Министерството за здравство регистрирани се четири случаи, од кои две се текстилни работнички од конфекцијата која веќе трети ден е затворена.

Градоначалникот на Штип, Благој Бочварски на денешната прес-конференција истакна дека се уште е рано да се вклучи алармот за преземање поригорозни мерки на територија на Општина Штип.

Според податоците кои ги има од Центарот за јавно здравје-Штип, во домашна изолација со решение на Државниот здравствен и санитарен инспекторат во изолација се ставени над 130 граѓани.

Бочварски рече дека оваа бројка во наредните денови и ќе се зголемува со цел да се изолираат сите контакти на заразените текстилни работнички и да не се шири вирусот. Во изолација се голем дел од вработените во текстилната конфекција, која е затворена, а во изолација е и сопственикот на компанијата.

-Ние ова утро стапивме во контакт и со неколку сопственици на конфекции, за коишто веќе се прават анализи и списоците со вработени се дадени на епидемиолозите и на нашите институции со цел да ги комуницираат и повикаат и да видат до каде е комуникацијата и каде ќе застане таа комуникација. Точно е утврдено кои се тие компании и со кој превоз се движеле, рече Бочварски.

Посочи дека постојано има комуникација со Министерството за здравство, со неколку сопственици на текстилни фабрики, со здружението за заштита на работничките права „Гласен текстилец“, Клиничка Болница-Штип и Центарот за јавно здравје, а локалните капацитети се насочени кон заштита на здравјето на граѓаните.

Во текот на овие денови ќе има тестирање на текстилните работнички и како што рече Бочварски, за очекување е и да има нови случаи на заразени со коронавирусот, но смета дека здравствените работници ќе го затворат кругот.

–Општинскиот штаб за заштита и спасување со своите служби беше на терен и започна со дезинфекција на влезовите пред текстилните фабрики. Упативме апел до угостителите да побараат поддршка за дезинфекција на нивните надворешни тераси и влезови пред отворањето, и секако за поддршка во дел на дезинфекција на автобусите.

Нашите волонтери беа на терен пред конфекциите и делеа заштитни маски на текстилните работници. До денеска имаме поделено вкупно 23.000 заштитни маски на институции и граѓани, рече Бочварски.

Волонтерите досега имаат извршено услуги за вкупно 258 стари и изнемоштени лица.

–Ја користиме оваа прилика повторно да упатиме јасна порака до сите граѓани, а посебно до оние кои шират информации дека вирусот не постои и дека е измислица или лага, а всушност се работи за вирус кој се уште е присутен и ќе остане овде и понатаму.

Борбата со овој вирус, за којшто се уште нема лек или вацина, треба да ја водиме сите заедно, со целосна вклученост на граѓаните, работниците, сопствениците и институциите, нагласи Бочварски.

МИА/Фото: Општина Штип

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Најмногу во Бутел, Сарај, Чаир: Од кои скопски општини се новозаразените со корона вирусот

Од корона вирусот починаа тројца пациенти, вкупната бројка изнесува 122

Oд корона вирусот почина првиот здравствен работник во Македонија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Проф. Трајковски: Уште долго време епидемијата ќе осцилира како јо-јо, досегашните бранови се повторуваа со период од околу 4-5 месеци

Редакција

Комисијата за заразни болести проценува дали се потребни нови рестрикции

Редакција

Двајца функционери во Македонија досега позитивни на коронавирусот

Редакција