еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Нови снимки од ПИ мерките за „Рекет“: Боки-13 и Кичеец биле снимани во „Воденица“ и „Интермецо“

Со изведување на докази обезбедени со тајно следење на Бојан Јовановски-Боки13 и Зоран Милески-Кичеец надвор од домот со посебни технички средства, во Основниот кривичен суд Скопје денеска продолжи судењето за случајот „Рекет“.

Од прикажаните видеа се гледа дека биле следени возило порше со бугарски ознаки и џип со македонски ознаки. Се прикажуваат и снимки од барот „Интермецо“, ресторан „Воденица“, во кругот на фабриката „Охис“ и други локации во Скопје во јуни 2019, кога биле наредбите за ПИ мерки.

Случајот се наоѓа во доказна постапка и го води судијката Васка Николовска-Масевска.

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција во октомври лани поднесе обвинение против Бојан Јовановски, Катица Јанева и Зоран Милески.

Првообвинетиот Јовановски се сомничи дека сторил кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело“, а Јанева и Милески за „примање награда за противзаконито влијание“.

Второобвинетата Јанева се товари и дека сторила и кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

На првото рочиште за „Рекет“, што се одржа на 3-ти декември минатата година, третообвинетиот Зоран Милески-Кичеец призна вина, по што беше осуден на три години затвор.

МИА/Фото: Фејсбук/Боки 13

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Снимки и нови материјални докази ќе бидат презентирани на судењето за „Рекет”

Судењето за “Рекет“ денеска затворено за јавноста, Боки 13 се пожали дека го нападнале затворски службеници

Судење за „Рекет“: И Кичеец го снимал Боки 13

Судење за „Рекет“: Боки 13 и Камчев договарале операција за Јанева, ама не во Систина

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сите детали од новиот протокол за казината: Рулет и блек џек „под маски“ со најмногу три играчи

Редакција

Почина 80-годишен пациент, вкупната бројка на починати од корона вирусот 57

Редакција

Кои се најуспешните спортисти, тренер и спортска екипа во Скопје

Редакција