еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Нови вработувања на 44 млади лица во Рудник САСА

Од почетокот на овој месец, рудникот за олово и цинк САСА вработи нови 44 лица. Пред да стапат на работните места, за сите нови членови на тимот е организирана соодветна обука за да се осигура дека тие безбедно ќе ги извршуваат работните задачи.

Согласно процедурите за работа што важат во целокупниот рударски комплекс, во почетниот период, сите нововработени ќе бидат под засилен мониторинг и придружба од искусни вработени, за да можат да го достигнат неопходното ниво на работни вештини.

„Среќни сме што го зајакнуваме нашиот тим со нови вработени. Просечната возраст на нововработените е 27 години и ние веруваме дека тие ќе внесат дополнителна енергија и ентузијазам во нашиот тим, што ќе помогне во зголемувањето на вкупната ефективност и продуктивност на нашата компанија.

Како компанија ќе сториме сѐ нашите нови вработени да ја добијат неопходната поддршка од сите нас, за да можат полесно да се вклопат во колективот и секако, да се чувствуват добредојдени и исполнети“, вели генералниот директор на Рудник САСА, Олег Телној.

Во поново време САСА бележи зголемен број нови вработувања, што претставува уште едно значајно вложување во сегментот на човечките ресурси во компанијата.

За потсетување, од почетокот на годината, рудникот повторно ги зголеми платите на вработените, со што тие се и до 30% повисоки од просечните плати во рударската индустрија во земјава.

Со новите вработувања, вкупниот број на вработени во САСА надмина 680 лица.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Медика Вера нуди бесплатни основни прегледи за лица без документи или без пари

Редакција

Политика за спречување на корупцијата кај јавните претпријатија

Редакција

(Галерија) Да ти е милина да работиш: Како изгледаат новите канцеларии на Вип

Редакција